Новороденче пронајдено голо во парк – бебето е згрижено и во добра здравствена состојба

Бебе штотуку родено вчера било пронајдено во паркче во скопската населба Топанско Поле.

 

Минувач го пронашол бебето кое било голо оставено во тревата и случајот го пријавил во полиција. Информациите се дека бебето било штотуку породено, затоа што било крваво, а во негова близина била пронајдена и фрлена папочната врвка.

 

Бебето потоа со возило на брза помош било пренесено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

 

Клиниката за детски болести во Скопје денеска соопшти дека кај нив вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новороденче најдено напуштено во една скопска населба.

 

„Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2400 гр , згрижено е на одделот за неонатологија. Преземени се сите неопходни мерки  во вакви случаи“, соопштија од Детската клиника.

 

Од Клиниката информираат дека бебето е во добра општа состојба.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien