Проектот „Младинска картичка“ презентиран пред бизнис заедницата

Во рамките на проектот „Младинска картичка“, денеска се одржа средба на претставници на Општина Прилеп, Агенцијата за млади и спорт и бизнис секторот, на која беа образложени придобивките од имплементацијата на овој проект.

 

Проектот „Младинска картичка“ е дел од Програмата на Владата и Годишната програма на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година. Неговата реализација ќе овозможи поволности за младите на возраст од 15 до 29 години, во однос на користење на производи, услуги и сервиси кои им се потребни.

 

Истовремено, правните субјекти имаат можност да ја одредат своја понуда на попусти за младите и истата да ја промовираат преку младинската картичка, со што истовремено ќе се промовираат и помеѓу младите на локално ниво.

 

Младинската картичка, всушност, претставува одговор на барањата на младите за олеснување на нивниот живот од финансиски аспект, како и за добивање релевантни информации за актуелните младински прашања.

 

Преку мрежата на услуги, разни попусти и други придобивки, оваа картичка ќе им овозможи на младите да бидат информирани за настаните во опкружувањето во кое живеат, со цел за нивно што поактивно вклучување во секојдневните случувања. Истовремено, преку оваа платформа ќе се реализираат дел од утврдените цели на Владата на Република Северна Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien