Јапонија го тестира најбрзиот воз – Алфа Екс

Воз кој има способност да достигне максимална брзина од 400 километри на час ќе биде тестиран месецов во Јапонија.

Возот „Алфа Екс“, изграден од компаниите „Кавасаки“ и „Хитачи“, ќе биде пуштен во употреба во 2030 година, а ќе патува со брзина од 360 километри на час. Возот ќе биде побрз од кинескиот „Фуксинг Хао“, чија брзина е 350 километри на час, а ги поврзува Пекинг и Шангај за време од четири часа и 18 минути.

 

„Возот-куршум“ првото тест-патување ќе го изведе в петок, на релација Аомори-Сендаи. Десетвагонскиот воз има локомотива долга 22 метри за редуцирање на отпорноста со воздухот, сопирачки кои се наоѓаат во воздухот, како и магнетни плочки на пругата, но и вообичаени кочници за успорување.

 

Возот, исто така, нема да биде управуван од возач, туку ќе биде автоматски. Сепак, во првите десет години од тестирањето вработен ќе мора да биде физички присутен во возот со цел да се осигура дека ништо не е тргнато наопаку. Потоа, возовите ќе бидат целосно автоматизирани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи