Бројот на туристи во Крушево расте и во 2019 година

Трендот на зголемување на бројот на посетители во Крушево продолжува да расте и во 2019 година. Така во месеците јануари и февруари бројот на туристи во Крушево е зголемен во споредба со истиот период лани.

 

Растот во бројот на посетители, според уплатената туристичка такса, во првите два месеци од годинава изнесува 13 отсто, а поголем раст е забележан во месец февруари од 32 отсто во споредба со истиот месец лани.

 

„Растот во бројот на туристи во месец февруари од над 30 отсто кажува дека нашата заложба за продолжување на туристичакта сезона дава резултати и Крушево не е посетено само во јануари и летните месеци, туку и останатите месеци во годината. Оваа зима и временските услови не послужија, односно имавме многу снег што беше еден импулс за привлекување туристи, но и настаните кои се повеќе ги има во Крушево, како зимското издание на „When in Krusevo“, порачува градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

Уште еден показател дека посетеноста се зголемува во текот на цела година е дека во април 2018 година Крушево забележа 46 отсто повеќе посетители во споредба со истиот месец 2017 година. Исто така, благ пораст во бројот на посетители има и во месеците септември, октомври и ноември.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи