ОО СДСМ Прилеп : СДСМ го средува хаосот со летните бавчи кој го предизвика ВМРО-ДПМНЕ

Токму ВМРО-ДПМНЕ – партијата симбол на 12 годишен криминал и корупција, го стимулираше и одобруваше узурпирањето на пешачките и јавните површини со летни бавчи, со што предизвика урбан хаос во старата прилепска чаршија и низ целото централно градско подрачје. Велат од ОО на СДСМ Прилеп во својата писмена реакција која доаѓа по прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Писмената реакција ја пренесуваме во целост.

 

„Сега кога новата власт постапува и ги спроведува законите, отстранува летни бавчи кои немаат добиено законско одобрение и немаат подмирено средства за користење на јавните површини како летни бавчи,  ВМРО-ДПМНЕ покажува тотална конфузија и невидено лицемерие.

 

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ од една страна бара средување на урбаниот хаос кој самата го произведе, а од друга страна манипулира и не сака да признае дека постапувањето по закон и расчистувањето на узурпираните површини, е интерес на градот, а не политички притисок и злосторничко здружување.

 

Општинската организација на СДСМ, апелира до сите надлежни институции, МВР и Јавното обвинителство, итно да преземат мерки и да ги проверат сите гласишта и шпекулации кои во изминатиот период ги шират граѓани, помеѓу кои и такви со криминални досиеа, а ги пренесуваат медиуми блиски на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

 

МВР и Обивнителството, исто така треба да преземат итни мерки и да ги расветлат сите покренати кривични пријави за противзаконско работење на ексградоначалникот Марјан Ристески и неговите соработници, именувани за поранешни директори на Јавни претпријатија во Прилеп, а кои се уште немаат никаква разрешница.

 

Новата локална власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски, не дозволува и нема да дозволи фаворизирање на објекти и бизниси на поединци, на сметка на сиромашните трговци кои со години се мачат за опстанок, како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Правда, еднаквост и владеење на законот, тоа се постулатите на кои се темели работата на локалната и централната власт предводена од СДСМ“, велат од ОО на СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien