Останаа само уште 130 км. до Истанбул, Филип и Христијан пристигнаа во Текирдаг

Филип Илиоски и Христијан Мојсоски денеска пристигнаа во Текирдаг. Тоа е претпоследната станица од нивната тура „Bike tour Bosphorus“ на која тие планираат за 5 дена да поминат над 800 км. од Прилеп до Истанбул.
„Денеска влеговме во Турција и пристигнавме во Текирдаг. Ова беше рутата со најмногу елевација и беше долга 160 км. Ни останува утре да извозиме уште 130 км. до Истанбул“, истакнаа за Инфо Компас, Филип и Христијан.
Тие ќе бидат првите прилепчани кои поминале со велосипеди дестинација од 800 км. за само 5 дена.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien