Почина легендата во Формула 1, Ники Лауда

Трикратниот Формула 1 шампион, легендарниот Ники Лауда почина на 71-годишна возраст. Неговото семејство објави дека мирно починал во понеделникот.

 

„Неговите уникатни достигнувања како спортист и претприемач се и ќе бидат запаметени, неговата неуморна желба за акција, неговата непосредност и храброст остануваат пример и мерило за сите нас“ се вели во соопштението на неговото семејство.

 

Неговата здравствената состојба беше нарушена минатото лето, кога беше објавено дека го прекинал својот одмор поради напади од кашлица, за потоа да биде хоспитализиран во Виена и да му биде направена операција за трансплантација на белодробно крило.

 

Лауда ги освои титулите во Формула 1 во 1975, 1977 со тимот на Ферари, а во 1984 година со болид на Мекларен. До денес тој е единствениот возач кому му успеало да дојде до титулата со двата легендарни тима.

Ќе остане запеметен и по големата несреќа што му се случи во 1976, за време на трката за Големата награда на Германија, возена на патеката Нирбургринг, кога при судир неговото ферари се запали, а тој седеше заробен во него скоро цела минута. Дел од неговото лице изгоре, а доби и оштетувања на белите дробови заради вдишување на отровни и жешки гасови.

 

 

По неполни шест месеци тој се врати на патеките и следната година ја освои втората шампионска титула.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien