Антикорупциска ќе испитува како се трошеле буџетските пари

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува како се трошат буџетските пари во државните и во јавните институции и друштва.

 

Антикорупционерите ќе испитуваат како државните функционери ги трошат буџетските пари, користењето на патни трошоци, ќе се испитуваат одлуките за користење службени возила, за репрезентации, надоместоци за превоз, за стан, за одвоен живот… Фокусот ќе биде ставен на пратениците, но анкетни листови и формулари ќе бидат испратени до сите државни институции.

 

По сопствена иницијатива антикорупциската комисија ќе ја испитува постапката за избор на канцеларии на поранешните претседатели на државата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien