За седум дена двапати се искачи на највисокиот врв на светот!

Непалски шерпас оствари неверојатен подвиг откако двапати во рок од седум дена се искачи на највисокиот врв на светот. Ова му беше 24. искачување на Монт Еверест

 

Четириесет и деветгодишниот Ками Рита во четвртокот на 16. мај се искачи на покривот на светот од јужната страна , а во вторникот утрото на врвот стигна водејќи група индиски алпинисти.

 

Тој вели дека нема намера да се пензионира и планира нови искачувања во наредните години.

 

„Можам да се качувам уште неколку години. Здрав сум и можам да одам горе до 60. година. Со кислород, тоа не е никаков проблем“, вели Рита.

 

„Никогаш не ми било цел да поставувам рекорди. Всушност, не сум ни знаел дека можеш да поставиш таков рекорд. Да знаев, ќе се качував и почесто“, додаде Рита.

 

Рита првпат се качил на Еверест во 1994. Тој е еден од многутемина шерпаски водичи чии вештини и стручност се од витално значење за безбедноста и успехот на стотици планинари кои секоја година доаѓаат во Непал. Освен Еверест, Рита има совладано и неколку други врвови кои се меѓу највисоките, како К-2, Лотсе и Манаслу.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien