Мостот во паркот кај судот крајно опасен за децата – прашање на време кога некое дете ќе падне во езерцето

Крајно небезбеден и опасен за децата е дрвениот мост на езерцето што се наоѓа во паркот кај Основниот суд во Прилеп или уште како што е неговото име „Парк на љубовта“. Голем дел од штиците се искршени и на мостот зјаат огромни дупки. Останатиот пак дел од штиците се комплетно скапани и само прашање на време е кога тие ќе се скршат и некое дете или возрасен ќе пропадне во езерцето.

 

Родители кои секој ден доаѓаат во паркот велат дека ова е навистина срамота затоа што мостот секој ден бил во се полоша состојба. Бараат итна интервенција затоа што се плашат да не се случи некоја несреќа. Прашуваат кој ќе биде одговорен тогаш.

 

Со оглед на тоа што ова е еден од најубавите и најпосетени паркови во Прилеп, каде секој ден си играат стотици деца, редно е надлежните да соберат сили и да заменат 10-тина штици.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien