Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на СДСМ Зоран Заев одлучи да разреши 78 претседатели на партиските ограноци или општински организации, што според него, го означуваат првиот чекор кон најавените промени кои ги очекуваат граѓаните.

 

„Одлуката ја донесов и синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството. Конечната одлука е таа сите претседатали на општински организаци, и веднаш органите и телата на партијата ќе донесат одлука за постапка за избор на нови раководства. Верувам дека сето ова ќе предизвика едно возобновување на севкупниот амбиент на луѓе кои што се доста експонирани. Постојат за да бидат добра алка за премостување и решавање на проблемите на граѓаните, се со конечна цел сите да учиме од своите слабости и да бидеме уште подобри во периодот кој што постои пред нас“, рече Заев.

 

„Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, дружењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, како и на сите оние претседатели на општинските организации каде се победи на изборите. Апелирам повторно да бидат кандидати и да се кандидираат на следниот конкурс што идната седница ќе биде објавен“, рече Заев.

 

Премиерот потоа најави дека во првата половина на јуни ќе ги објават промените и во јавните претпријатија, министерствата и владата и дека следната недела ќе има средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи до кајот на неделата ќе се разговара во рамки на партиите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи