Регистрирани 105 нови случаи со морбили, досега заболени 1625 лица

Facebook
Twitter
Email
Print

Во периодот од 17 мај до денеска, регистрирани се вкупно 105 нови случаи на морбили, а вкупната бројка на досега заболени изнесува 1.625 пациенти, информираат од Институтот за јавно здравје.

 

Меѓу нив, 77,1 процент се невакцинирани, или пак, вакцинирани со една доза, но и лица за кои нема податоци за вакциналниот статус.

 

„Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата“, истакна Жарко Караџовски, доктор во Институтот за јавно здравје.

 

Ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи