ВИДЕО – Сакате смеење до солзи – бујрум целата претстава „Викенд на мртовци“ од „Чин 4 Сцена 5“

Со претставата „Викенд на мртовци“ училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5 од Прилеп одбележа 12 години од своето постоење. Таа е работена по текстот на мајсторот на комедијата, Миле Поповски, а режијата е на Саша Нацевски. Претставата предизвика огромна заинтересиираност кај публиката и таа се прикажуваше повеќе пати во Домот за култура „Марко Цепенков“.

 

Претставата имаше хуманитарен карактер, а собраните средства планирано е да  бидат донирани на 3 институции. Прво се планира да се инсталира лифт за хендикепирани лица во Центарот за култура „Марко Цепенков“ за пристап во големата сала, потоа во дневниот центар за деца и лица со посебни потреба „Ѕуница“ ќе се промени дограмата и на крај во ОУ „Климент Охридски“ ќе се набават 4 компјутери за потребите на посебните паралелки.

 

ЦЕЛАТА ПРЕТСТАВА „ВИКЕНД НА МРТОВЦИ“

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien