Голем пожар кај Типските куќи во Прилеп

Попладнево околу 14.30 часот голем пожар ја зафати куќата со број 18 на улицата „Ѓоре Ѓорески“ во населбата Типски куќи Прилеп.  Од ТППЕ Прилеп истакнаа дека веднаш интервенирале со 5 противпожарни возила и 12 пожарникари.

 

„Во моментов пожарот е локализиран, но сеуште не е изгаснат. Се додека не се вратат екипите од терен не можам да дадам подетални информации“, истакна Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп.

 

Според првичните и неофицијални информации пожарот започнал од кровната конструкција, гасењето на пожарот сеуште е во тек, и повеќе информации се очекува да се знаат подоцна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи