САД погодени со 55 торнада во еден ден!

Метеоролозите соопштија дека во понеделникот САД ги погодиле вкупно 55 торнада, а во неколку сојузни држави има сериозни поплави. Во бранот торнада животот го загуби едно лице, а повредени се стотици.

 

Невремето најтешко го погоди Дејтон во државата Охајо, каде што најмалку 130 лица се повредени, а 82-годишен човек починал кога паркиран автомобил носен од воздушниот вител удрил во неговата куќа.

 

Бран од 50 или повеќе торнада не е необичен и се има случено дури 63 пати во американската историја, сепак метеоролозите се загрижени од силината на ветровите и големото географското подрачје коешто го имаат зафатено.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien