ВИДЕО – Во среда премиера на „Семејни приказни“ во театарот Војдан Чернодрински

Во среда на 05.06.2019 театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе ја прикаже својата најнова премиера претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоноски. Драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографија Наташа Вчкова, костими Марта Дуфне Јосифовска, а играат : Јасмина Мицовска Станкоска – како Надежда, Илија Волчески – Војин, Катерина Чакмакоска Клинческа – Милена, Димитар Црцороски – Андрија.

 

 

Режисерот Андоноскии истакна дека oва било претстава за детството, за 90-тите и како 90-тите се враќаат, а можеби и никогаш си немаат заминато.

 

„Мислам дека со претставата повеќе ги преиспитуваме 90-тите, отколку што само носталгично се навраќаме на нив и се сеќаваме, затоа што во тие клучни моменти на детството, родителите, а на некој начин и државата преку нашите родители, има многу голема улога во нашиот развоја како личности и оној дуалитет, бунтовник наспрема послушник е клучното за нас како луѓе и за тоа како се градиме поинаку, дали се плашиме, дали сме храбри итн. текстот е напишан во 1998 година, но темите и материјата се сеуште актуелни, затоа што како што кажав можеби 90-тите воопшто си немаат заминато, затоа што преку приказните на овие 4 деца, на возраст од 10 до 12 години, кои се главни ликови во текстото и во претставата, гледаме како всушност преку нивните игри државата, политиката и одредени личности на кои што едноставно таму не им е местото се протнуваат, избиваат постојано и гледаме едни сосема поинакви димензии од нивното растење и нивниот развој“, истакна режисерот Милош Б. Андоноски.

 

Според  актерите претставава има универзална тема, како како иселувањето на младите, влијанието на политиката врз животот, односите со родиителите. Велат дека оваа претстава ја работеле со многу љубов, но и со малку носталгија, затоа што 90-тите годинии се времето на нивното детство.

 

„Се работи за еден современ текст кој што е многу слоевит, нуди многу можности, меѓутоа ако ја следевме дословно и доследно првичната идеа на текстот, требаше да се занимаваме најмногу само со проблемите и со тегобноста која што ја донесоа 90-тите, кои што знаеме колку турбулентни времиња беа на овие простори. Ние не избегавме од тие теми, ги отворивме тие теми, доста ги разработивме, особено темите за патријархалноста која што беше длабоко вкоренета во тоа општество, отсликувањето на суровоста која што самиот живот ја носеше во детските игри, и самите детски игри станале сурови. Меѓутоа нашиот фокус беше на друго место. Само по себе се наметна да се фокусираме на леснотијата која што ја носи детството како период, затоа што ние сме сепак деца произлезени, пораснати во тие години. Тие години се нашето време, времето на нашето детство. Оваа претстава ја работевме со многу љубов, но и со малку носталгија“, рече Лидија Митоска-Ѓорѓиевска. Драматург.

 

„Ова е прв проект кој што го имам работено со режисерот Милош и многу ми задоволство и чест за соработката. Имавме едно прекрасно искуство, еден прекрасен процес, кој што беше со многу енергија, беше многу креативен и мислам дека производот кој што го имаме, театарската претстава која што ќе ја гледате, е претстава која што е многу убава, многу лесна, но истовремено со занимава со многу тешки прашања, кои што влијаат врз нас возрасните, но исто така и врз децата. Преку детската игра ние ги гледаме проблемите на родителите и на општеството во кое што живееме, а тоа е еден момент кој што јас не би сакала децата да бидат обременети со проблемите на возрасните. А многу често се случува тоа насекаде околу нас, не само во 90-тите, туку и сега. Претставава има универзална тема, имаме многу сцени кои што се актуелни и сега, како иселувањето, влијаењето на политиката врз животот, односите родител мајка/татко, така да мислам дека е многу актуелна и многу убава за гледање“, додаде актерката Јасмина Мицовска Станкоска.

 

 

90-тите години се можеби последните генерации на деца кои наместо пред комјутер играле надвор на улица. Затоа актерите велат дека на публиката ќе и понудат една топла претстава која во себе ја има носталгијата по тоа време, на тоа детство, кое тие сеуште го носат длабоко скриено во себе.

 

„Имаме да ви понудиме една исклучително топла претстава, која што во себе содржи толку многу носталгија, љубов, копнеж кон нешто што сме поминале и длабоко во нас сеуште го чуваме детството, кое што мислам дека ние го имавме, па можеби една од последните генерации што го начекавме тој период со такви игри, пораснати пред зграда, на улица, не толку пред компјутер и мобилни телефони, едно вистинско детство. Процесот не можам да го наречам работен, затоа што чувството е како една игра, од самиот почеток до сега, пред премиера и мислам дека е многу реткост во денешно време да имаш таков процес за време на една театарска претстава“, кажа Катерина Чакмакоска Клинческа, актер.

 

„Многу ми е мило што после академија пак на некој начин се сретнуваме со Милош, затоа што на академија тој студираше режија, јас актер, па имавме множност да соработуваме. Сега пак соработуваме професионално, нешто што не е поврзано на академија. Се поклопивме во вкусовите, во начинот на работа, во тоа тој што бара од нас, ама сепак негова режија – моја глума. Ваков процес сме имале досега, но не толку топол колку овој и мило ми е што преку таков мирен и топол процес во претставата мислам дека ги извлековме и добрите и лошите работи, односно и носталгијата по тоа време, но и нешто што не сакаме да се врати од тоа време“, потенцираше актерот Илија Волчески.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи