Прилепски спелеолози поминаа три дена под земја во пештерата „Чулејца“ на Тиквешко Езеро

Спелеолозите од Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ Прилеп поминаа три дена под земја, истражувајќи ја пештерата „Чулејца“ на Тиквешкото Езеро. До пештерата се стигнува единствено со чамец по езерото, по што следи пешачење по доста  стрмна патека.

 

Целта беше истражување на нови пештерски канали, како и собирање на примероци од специфични подводни пештерски украси наменети што ќе се користат за научни истражувања на палеоклимата во овој крај. Научните истражувања, со кои раководам се во соработка со Институтот за нуклеарни истражувања во Дебрецен, Унгарија“, истакна д-р Марјан Темовски, спелеолог, раководител на истражувањата.

 

Во акцијата учествуваа шест членови на СК Златоврв (Марјан Темовски, Дарко Неданоски, Сара Неданоска, Марија Макешоска, Јован Тодоровски и Борче Петковски).

 

 

 

Бидејќи на непристапниот терен во околината на пештерата нема услови за кампување, кампувањето беше внатре во една од пештерските сали на длабочина од околу 25 m. Покрај од СК Златоврв, пештерата Чулејца е претходно истражувања од ПСД Орле – Кавадарци, СД Пеони – Скопје и ASBTP од Ница. Последните истражувања на СК Златоврв во оваа пештера беа во 2012 година при што беа откриени нови пештерски канали како и неколку потенцијални продолжувања со што димензиите на пештерата достигнаа 503 m должина и -64 m длабочина“, додаде Темовски.

 

За време на истражувањето била доистражена пештерата со што вкупната длабочина е околу 90 m, а останува прецизно да се доизмерат новоистражените пештерски канали. „Чулејца“ е една од поубавите пештери во Македонија и трета најдолга пештера во јужниот дел од државата, после „Бела Вода“ во Демир Капија и „Мелничка Пештера“ во Мариово.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien