Захариева: Ако не се договориме за Гоце Делчев, ја стопираме соработката со Северна Македонија

Бугарија и Македонија се уште тешко постигнуваат согласност за спорните историски теми. Бугарската министерска за надворешни работи Екатерина Захариева изјави дека доколку двете земји не се договорат за заедничкото чевствување на Гоце Делчев и Илинденското востание, Бугарија ќе излезе од мешовитата комисија и нема повеќе да соработува со Северна Македонија.

 

„Вчера пред комисијата во фокусот го имавме, а до крајот на годината и суштински резултати со појаснувања за Гоце Делчев и Илинденско-преображенското востание. Тие две работи се клучот. Се разбира, направивме и извештај за завршената работа-имаме успех околу темите за цар Самоил, Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум. Но, како да направиш компромис со вистината за Гоце Делчев-се разбира дека нема да отстапиме“, дополни министерката.

 

Проблемот настанал кога македонската комисија предложила наместо денот на раѓањето на Гоце Делчев, или пак денот на неговото умирање, Бугарија да го слави денот кога посмртните останки биле пренесени од Бугарија во Скопје, односно 7 октомври.

 

„Повеќето Бугари не слушнале за датумот 7 октомври-тоа е датумот на едно од најголемите предавства во бугарската историја, извршено од БКП, кога по 1944 година, под притисок на Сталин и Тито ги признаваат Македонците, што и е сторено на тој датум во 1946 година. Затоа, таа дата не може да се чествува“, изјави Захариева.

 

Според неа, целата македонска историја е создадена врз основа на поделба со Бугарија, но барем историјата во учебниците да е коректна.

 

„Со поколенија ги учат децата во Македонија на лаги и фалшив национализам, но тоа не може да биде прифатено од наша страна“, изјави Захариева.

 

Бугарскиот министер за надворешни работи изјави дека би и дала шанса до крајот на годината на работната комисија, поврзана со историјата, пред Бугарија да се откаже од неа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien