Собранието ги констатираше оставките на Груевски и Богоевски

Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија.

 

На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на Груевски.

 

За Богоевски, кој е претседател на оваа собраниска Комисија, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и оти е недостоен за вршење на пратеничката функција.

 

По ова треба да заседава Државната изборна комисија која треба да ги предложи следните два кандидати кои ќе ги наследат Груевски и Богоевски.

 

Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски ќе бидат новите пратеници во Собранието по констатирањето на оставките на Никола Груевски и Павле Богоевски на денешната седница.

 

Продолжението на собраниската седница е закажано за 15 часот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien