Торпедирани танкери во Оманскиот залив

Два танкери во Оманскиот залив се оштетени и зафатени со оган, а сомневањата се дека се нападнати. Морнарицата на САД соопшти дека примила два одделни итни повици и испратила сопствени бродови за помош на лице место.

 

Хамбуршката група бродска пловидба „Бернхард Шулте шипинг менџмент“ соопшти дека нивниот танкер „Кокука храбар” бил  оштетен. Бродот бил евакуиран, а еден од 21-те членови на екипажот беше олесно повреден, соопшти компанијата од германскиот пристанишен град.

 

Во вториот инцидент во Оманскиот залив настрадал нафтениот танкер „Фронт Алтер“ на норвешката бродска компанија Фронтлајн. Танкерот во моментот на инцидентот се наоѓал пред брегот на Фуџаира в​​о Обединетите Арапски Емирати. Се претпоставува дека тој бил погоден од торпедо, објави шпедитерскиот весник „Трејдвингс“, цитирајќи упатени извори од браншата.

 

 

Ова е најновиот во низата инциденти и доаѓа еден месец откако два саудиски танкери беа нападнати во водите на Обединетите Арапски Емирати. Тие пренесуваа нафта до САД, а Вашингтон тогаш тврдеше дека Иран стои зад овој напад.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien