76 години од смртта на Кочо Рацин

Коста Солев Рацин е роден на 22 декември 1908 година, во Велес. На денешен ден пред 76 години тој го загуби животот откако смртно бил застрелан во близина на партизанската печатница на планината Лопушник.

 

Традиционално, на 13 јуни, местото на загинувањето на големиот поет и револуционер го посетуваат претставници на општина Велес, општина Кичево, претставници на Сојузот на борците од двете општини, почитувачи на животот и делото на Рацин, планинари, извидници и многу други.

 

Иако неговото семејство не било моќно да го школува, покрај грнчарскиот занает, Коста самиот учел и читал книги, за да може да стекне некакво образование.

 

Неговата творечка дејност опфаќа поезија, проза, историски записи, филозофија, есеи и критика, но секако, најзапамтен е по својата стихозбирка „Бели мугри“.

 

Во чест на Кочо Рацин од 1964 година во Велес се одржува поетската манифестација „Рацинови средби“, која од 1992 стана поетска манифестација на балканско ниво.

 

Родната куќа на Рацин во Велес во 1956 година е претворена во спомен-музеј.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien