„Бакхи – краток преглед на распадот“ од Битолскиот театар најдобра на годинешниот 54-ти по ред „Војдан Чернодрински“

Претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ во изведба на Битолскиот театар, а во режија на Игор Вук Торбица е победник на годинешното 54-то издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Одлуката била едногласно донесена од страна на жирито во состав Бедија Беговска, како претседател и Љиљана Богојевиќ и Маја Вељковиќ како членови.

 

„Се зема се во целина и начинот на кој режисерот работел со актерите, како функционира костимот, сценографијата, музиката, нивниот однос кон сето тоа, колективната игра, поединечната игра на моменти кога сето тоа е потребно“, истакна Бедија Беговска, претседател на жирито.

 

Наградата за режија ја освои Игор Вук Торбица за „Бакхи – краток преглед на распадот“. Награда за главна женска улога доби Марија Спиркоска Илиеска за Велика во претставата „Пиреј“ на прилескиот театар од каде доаѓа и наградата за главна машка улога на Александар Степанулески за ликот на Јон.

 

Награда за машка епизодна улога доби Гзим Жерка за улогата на Сент-Жист во претставата „Смртта на Дантон“ од Албанскиот театар, а наградата за најдобра женска епизодна улога замина во рацете на Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Карлота во претставата „Странци“ на Драмски театар Скопје.

 

„Навистинан сум пресреќна и сум многу задоволна со одлуката на жирито, а уште повеќе кога таа одлука на жирито ја поддржува и публиката“, рече Марија Спиркоска Илиеска, награда за главна женска улога.

 

„Највредно е тоа што публиката не вреднува нас актерите. Векот на претставата или улогите е токму наградата која ние секојдневно ја добиваме од публиката“, вели Биљана Драгиќевиќ Пројковска, наградата за најдобра женска епизодна улога.

 

Доделувањето на наградите ќе биде вечерва кога за прв пат ќе се додели и новововедената награда од публиката.

 

 

СИТЕ НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ :

 

  1. Награда за рекламен материјал се доделува на Нгадљим Мехмети за рекламниот материјал од претставата „Смртта на Дантон“ во изведба на „Албанскиот театар“ од Скопје.

  2. Награда за кореографија и сценски движења се доделува на Ѓерѓ Превази за кореографија и сценски движења во претставата „Смртта на Дантон“ во изведба на „Албанскиот театар“ од Скопје.

  3. Награда за музика се доделува на Димитар Андоновски за мусиката во претставата „Пиреј“ на театарот „Војдан Чернодрински“ Прилеп и музиката во претставата „На отворено“ на „Театар Комедија“ од Скопје.

  4. Награда за костимографија се доделува на Розе Трајчевска Ристовска за костимите во претставата „Макбет“ на „Македонски народен театар“ Скопје.

  5. Награда за сценографија се доделува на Константин Трпеновски за сценографијата во претставата „Макбет“ во изведба на „Македонски народен театар“ Скопје.

  6. Награда за соверемена сценска драматизација се доделѕва на Љупчо Ѓоршиевски за драматизација и адаптација на „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел во изведба на театарот „Антон Панов“ од Струмица.

  7. Награда за текст не се доделува.

  8. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ се доделува на Тони Денковски за улогата на Горниот во претставата „На отворено“, а во изведба на „Театар Комедија“ од Скопје.

  9. Награда за млада актерка се доделува на Симона Димковска за ликовите во претставата „Физика на тагата“, а во изведба на театарот од Куманово.

  10. Награда за женска епизодна улога се доделува на Биљана Драгичевиќ Пројковска за улогата на Карлота во претставата „Странци“ во изведба на „Драмски театар“ од Скопје.

  11. Награда за Машка епизодна улога „Димче Трајковски“ се доделува на Гзим Жерка за улогата Сен-Жист во претставата „Смртта на Дантон“ во изведба на „Албанскиот театар“ од Скопје.

  12. Награда за главна женска улога се доделува на Марија Спиркоска Илијески за улогата на Велика Мегленоска во претставата Пиреј, во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

  13. Наградата за главна машка улога се доделува на Александар Степанулески за улогата на Јон Мегленоски во претставата „Пиреј“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

  14. Награда за режија се доделува на Игор Вук Торбица за претставата „Бакхи – краток преглед на распрадот“ во изведба на „Народниот театар“ од Битола.

  15. Наградата за уметничко остварување на претстава во целина и се доделува на претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ во режија на Игор Вук Торбица, а во изведба на „Народниот театар“ од Битола.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи