Димитров: Ако нема преговори годинава, тоа значи дека немаме европска перспектива

Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на панел дискусијата во Стокхолм, посветена на случувањата во земјите од Западен Балкан со фокус на нивната ЕУ-перспектива.

 

„Во 2009 ни рекоа рано е, во 2010 ни рекоа рано е, исто и следните години. Лани ни рекоа во јуни, но јуни помина. Доколку во октомври нема одлука, доколку повторно ја одложат одлуката, ќе мора да признаеме дека европската перспектива ја нема. За жал немаме алтернатива. Така да шансите за успех во октомври се оптимистични и немаме луксуз да ја пропуштиме и оваа прилика“, рече Димитров, додавајќи дека „ако треба да ја очекуваме и 11-та препорака од ЕК следната година, нема да имам лице да зборувам пред мојот народ за европските перспективи на земјата“.

 

Тој додаде дека најважната битка на неговата генерација и да направи услови за следната генерација да не ја напушти државата, да остане дома и да се бори за подобра европска држава.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien