Јанакиески штрајкува со глад во Шутка

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, од саботата почнал штрајк со глад во затворот Шутка.

 

Неговиот Еленко Миланов за „Фокус“ појаснува дека Јанакиески го почнал штрајкот со глав во знак на револт поради тоа што повторно бил вратен во притвор.

 

„Прекршен е законот, односно на сила се две решенија за притвор, едното за куќен притвор одреден за случајот „27 април“ и сега за новиот предмет, за кој доби притвор. Тоа е недозволено. За потешка квалификација, за „27 април“ доби куќен притвор, а сега притвор, со истите образложенија дека можел да избега или да влијае врз сведоци“, вели адвокатот Миланов, додавајќи дека куќниот притвор се покажал како ефективен и не требало да се менува за притвор.

 

За штрајкот испратил и писмо до Кривичниот суд со кое побарал да се дадат причини зошто за едното дело може да се смета дека ќе бега, а за другото не.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи