TheChicks го промовираа првиот спот со помош од Витаминка

Женскиот музички состав TheChicks го промовира својот прв видео запис снимен со помош од Витаминка. Поддршката од Витаминка за младото музичко трио, значи навлегување на поп-рок музичката сцена и воопшто поддршка на македонската музичка продукција и нејзина популаризација особено кај младите.

 

Спотот е направен за песната „Ах тие очи“ што ветува да биде летен хит на девојките од ТheChicks, Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева. Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музикатаи аранжманот се на Сашко Костов.

 

TheChicks се млад музички состав од Велес со доминантна женска енергија што внесува освежување на македонската музичка сцена.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien