ВИДЕО – „Крајот на светот каков што го знаеме“, нова премиера на „Чин 4 Сцена 5“, компилација од 10 кратки сцени

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ ја одржа својата најнова премиера „Крајот на светот каков што го знаеме“ од австралискиот мајстор на кратката драма Алекс Браун. Станува збор за компилација од 10 кратки сцени кои ги врзува времето во кое се одвиваат, а тоа е еден ист датум 31.12.1999 година, односно во периодот кога преминуваме од стариот во новиот милениум и кога низ светот се развива онаа паника наречена „Милениумскиот вирус“ дека сите комјутери ќе престанат да работат и светот ќе пропадне.

 

 

„Од таму е и насловот на претставата. Претставата шета низ целиот свет, започнува од Исланд, а завршува во Австралија. Одиме во Америка, одиме малку и на Бали во Индија. Влегуваме во судбините на луѓето. Тие кратки мали сцени од 10 минути, каде се е кажано за 10 минути ги опфаќаат судбините на ликовите кои се внатре и она што се случува во сцените е крајот на светот каков што го знаат ликовите. Тука настанува драстична промена кај сите ликови. Овие кратки сцени се доста поставувани во светот. Алекс Браун е познат како еден од најпоставуваните автори на кратката форма. Инаку оваа претстава не е наша прва која сме ја работеле од Алекс Браун, претходно ја работевме и „Ќе се фатиш и со мне ?“, тоа се исто така кратки комични сцени“, истакна Саша Нацевски, раководител на „Чин 4 Сцена 5“

 

Групата која ја игра оваа претстава се состои од од ученици од 14 до 16 години кои на неа работече 4 месеци. Активностите кои ги имале со „Викенд на мртовци“ ја поместиле премиерата за Прилепско културно лето.

 

ЦЕЛАТА ПРЕТСТАВА „КРАЈОТ НА СВЕТОТ КАКОВ ШТО ГО ЗНАЕМЕ“ :

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи