ВИДЕО – Петкоски : Kриминалното работење стана одлика на СДСМ во изминатите 2 години, а секој збор и ветување лага

Вчера бевме сведоци како Валентин Божиноски вработен во Управата за јавни приходи, во период кога треба да е на работа, токму овде пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ држеше прес конференција и изнесе еден куп небулози пред јавноста.Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Не знаеме само како и со кое лице се појавува пред граѓаните и зборува за некаков криминал и корупција, кога криминалното работење стана одлика на СДСМ во изминатите две години.

 

Наместо да одговорат пред граѓаните за тоа како се потпишува договор за реконструкција на мост во вредност од 30 милиони денари, а предвидени биле само 8, тие се занимаваат со функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Граѓаните од Божиноски и неговиот ментор Миле Талески чекаат одговор и на тоа како избраа организатор на “Пивофест” и како доделија 2,5 милиони денари, без одлуката да помине во Советот на општина Прилеп.

 

СДСМ треба да даде одговор и за наводите кои нивни истакнат член ги изнесе пред Зоран Заев, дека во Прилеп постои злосторничко здружение, кое  прави парче од партијата и градот.

 

Граѓаните бараат одговори и одговорност и за труењето од депонијата Алинци, која цели 6 дена беше извор на канцерогени честички што сите ние ги дишевме.

 

Секој изминат ден со вас на власт е пропаст. Секој потег ви е погрешен, а секој збор и ветување однапред прочитана лага!

 

Токму затоа секое појавување во јавност на Валентин Божиноски и Миле Талески значи 500 гласа плус на контото од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Вие сте една ноќна мора која граѓаните сакаат што побрзо да помине и што побрзо да ве заборават.

 

За среќа вашиот крај е сигурен и доаѓа многу скоро, а тогаш одговорност и одговори за сите прашања ќе мора да има!“, истакна Петкоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи