ВИДЕО – Младите се помалку се интересираат за фолклорот и традицијата, во Прилеп се одржува семинар за народни песни и инструменти

Вечерва со дефиле низ прилепските улици и настапи на Камената Бина на плоштадот Александрија во центарот на градот започнува 45-тото јубилејно издание на фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Фестивалот утре и другиден продолжува со настапите на фолклорните групи на Рудина кај селото Долнени во Општина Долнени.

 

 

Како предвесник на фестивалот веќе 10-тина години со ред е и Семинарот за народни инструменти и песни кој се одржува како дел од овој македонски фестивалски бренд. Куриозитет е да се каже дека ова е единствениот ваков семинар во Македонија кој учесниците го посетуваат бесплатно. И оваа година на семинарот учествуваат 15-тина деца од Прилеп и соседните населени места.

 

„Поведени од фактот дека во Општина Долнени нема повеќе гајдаџии, ниту пејачки групи одлучивме семинарот оваа година да биде една едукативна работилница, младите да се едуцираат, да навлезат во својата традиција и фолклор и едноставно да го засакаат тоа. Со идеја понатаму ова да се развива во некое културно уметничко друштво или фолклорен ансамбл. Од оваа година учесниците на работилницата насловена како „Доближување на младите до фоклорот“ одлучивме да биде поделена на неколку етапи. Притоа вклучуваме традиционални песни, традиционални инструменти. Новина е тоа што извршуваме  теренски истражувања во неколку села во Општина Долнени, каде тие директно се запознаваат со традиционалните песни и инструменти од минатото. Постарите им кажуваат како порано бил фестивалот, имаат директен контакт со народните носии и слично“, истакна етномузикологот Горан Василески, кој е раковоодител на Семинарот.

 

Интересно е да се каже дека овој фестивал е единствениот начин на зачувување на фолклорот во овој крај затоа што за жал во лулката на гајдаџиите Долнени, каде пред 30-тина годиини иимало над 100 вакви музичари, сега нема ниеден, а нема ниту пеачки групи кои би ги зачувале старите традиционални песни. Организаторите на Фестивалот бараат поголема помош од државата за организирање на овој фестивал кој е единствен од ваков тип во Македонија.

 

„Добредојдена ни е секаква помош. Ние сакавме да ги анимираме и Македонците во дијаспората како тие во Гора, во Мала Преспа, да дојдат да бидат дел од овој фестивал, но поради недостиг на финансии оваа година не бевме во можност да го направиме тоа“, кажа Василески.

 

Младите учесници на фестивалот велат дека интересот за зачувување на фолклорот и традицијата кај младите секоја година е се помал и помал. Во некои села скоро ии да немало некој кој сака да свири на народни инструменти или да пее. Велат дека држата треба повеќе да ги поддржи овие фестивали и културно уметничките друштва затоа што само така може да си зачуваме нашата историја и култура.

 

„10 години сум играорец во КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп и сакам да научам да свирам гајда и затоа се трудам да учествувам на овој семинар. Има млади коии се интересираат. Но некако е во изумирање. Смеаат дека е нешто застарено. Еве и во основното музичко училиште се поретко има деца коии свирата на тапан или гајда“, вели Борче Нунески, учесник на семинарот.

 

„Ограорка сум околу 10 години и се занимаваме со пеење, играње и зачувување на традицијата. Со години се повеќе опаѓа зачувувањето на традицијата. Но ако нема историја како секој народ, кој би не знаел ? Ако ние младите не ја зачуваме традицијата кој друг. Тие што сме културно уметнички друштва се обидуваме да ја запазиме таа традиција, да ја шириме и во другите земји со нашите настапи“, потенцираше Марија Јошеска, учесник на семинарот.

 

Секоја година средставата што организаторите на фестивалот ги добиваат се се помалку. Годинава добиле само 300.000 денари, што е премалку да се организиира Фестивал од ваков калибар на кој присуствуваат и по неколу стотини учесници од земјава и странство.

 

„Се повеќе и повеќе опаѓа интересот кај младите затоа е овој фестивал и семинар за да може младите повторно да ја засакаат традицијата и изворната народна музика. Во 74-та година кога започна Фестивалот во Долнени имаше над 100 гајдаџии, лани верувале или не немаше ниту еден. Затоа со помош на етномузиколозите решивме прво да имаме една мисија околу Долнени, да успееме да ги натераме таму младите да ја засакаат изворната музика, да ги засакаат изворните инструменти, да научат да свират, а потоа со волја на државата ако ни даде пари повеќе. Ние и ова година баравме средства за семинарот колку што тие ни дадоа за целиот фестивал. Ние сакаваме да имаме над 5 професори, над 30 учесници, кои ќе бидат тука 10 дена и по 4 до 6 часови дневно ќе ги изучуваат изворните песни и инструменти“, изјави Златко Лашкоски, секретар на фестивалот „Пеце Атанасовски“.

 

Годинава се очекува на фестивалот „Пеце Атанасовски“ да има над 350 учесници.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien