Прилепскиот параглајдерист Борјан Јовановски втор на Светската ранг листа

После ажурираните резултати од Европскиот куп во Романија, Урои, параглајдеристот Борјан Јовановски и член на Алумни клубот при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се искачи едно место повисоко на Светската ранг листа, односно сега тој се наоѓа на второто место на Светската ранг листа.

 

Јованоски се занимава со овој спорт од свои 14 години и потекнува од познато семејство на парагалајдеристи каде што освен него летаат и неговиот брат Мартин Јованоски и татко му Миле Јованоски.

 

Досега Борјан Јованоски се има натпреварувано на 60-тина натпревари  од кои на половината завршил на пиедесталот. Се натпреварува во дисциплините прецизно слетување и прелети.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи