Гран-при наградата за КУД „Панче Пешев“ од Куманово, а „Гајдата на Пеце“ за Санде Николов од Кочани

Со доделувањето на наградите на најуспешните синоќа на Рудина кај Долнени заврши јубилејниот 45-ти фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Гран-при наградата за најдобри изведувачи ја доби културноуметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово, а „Гајдата на Пеце“, што ја доделува Општина Долнени, ја доби гајдаџијата Санде Николов од Фолклорниот ансамбл „Мугри“ од Кочани.

 

КУД „Панче Пешев“ од Куманово е едно од најстарите  Друштва на Балканот кое постои речиси 90 години и на Фестивалот учествува уште од првото издание. Санде Николов е успешен долгогодишен гајдаџија кој со задоволство го негува гајдаџиството.

 

 

На Фестивалото во двата дена, во Прилеп и на Рудина кај Долнени, учествуваа околу 300 изведувачи сите краишта на Македонија, а имаше гости од Бугарија.

 

Најубилејниот фестивал се одржа симпозиум и беше промовиран Зборникот со научни трудови на тема „Фолклорот во минатото и денес“  при што еминентни музиколози и етнолози го истакнаа значењето на богатиот изворен мелос за зачувување на културните придобивки,како и улофата на Фестивалот „Пеце Атанасовски“ во негувањето на народните инструменти и песни и можноста да се пренесува на младите генерации.

 

Во рамките на Фестивалот се одржа и петдневен семинар- работилница  во која 10-ина младфи истражуваа, изучуваа песни и инструменти на терен во околината на Прилеп и на Долнени.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien