Од полноќ нови цени на горивата – бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Регулаторна Комисија за Енергетика донесе одлука за промена на цените на горивата. Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толкав износ поевтинува дизелот.

 

Така Еуросупер БС 95 ќе се продава за 69 денари, додека новата цена за Еуросупер БС 98 ќе изнесува 71 денари за литар. Од друга страна дизелот ќе се продава за 61 денари по литар.

 

Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50.50 денари за литар.

 

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien