ВИДЕО – Китаноски : Над 1.000 социјално ранливи семејства од општина Прилеп, добиваат субвенции за сметките за вода

Грижата за граѓаните, е врвен приоритет на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во таа насока се и активностите кои ги презема локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, како и одлуките кои на последната седница ги донесе Советот на општина Прилеп. Истакна советниот Александар Китаноски од редовите на СДСМ на денешната прес конференција.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Покрај одлуката за доделување на средства на здруженијата на граѓани и на спортските клубови, како и финансиската поддршка на Регионалната занаетчиска комора, на вчерашната седница ја усвоивме и Програмата за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливите категории на граѓани за 2019 година.

 

Со донесената Одлука, на корисниците на гарантираната минимална помош Општина Прилеп ќе им субвенционира по 5 метри кубни од сметките за вода. Со измените во Законот за социјална заштита, се зголемува бројот на семејства кои ќе бидат опфатени со донесената мерка. Така, наместо досегашните 300, субвенцијата ќе ја искористат над 1.000 семејства од општина Прилеп, приматели на гарантирана минимална парична помош.

 

Она што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери како мнозинство во Советот на општина Прилеп можат да го ветат, е дека и во иднина во континуитет посветено ќе работат на решавање на проблемите на граѓаните и на подобрување на стандардот и условите за живот во нашата средина.

 

Впрочем, најавените проекти од страна на градоначалникот Илија Јованоски, чија реализација почнува во текот на овој месец, се најдобра потврда дека ветеното ќе биде исполнето и дека за нас зборот е збор“, истакна Китаноски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien