Судар помеѓу воз и автомобил кај прилепско Тројкрсти, автомобилот избегал по сударот

Пред малку, кај прилепското село Тројкрсти, според првичните и неофицијални информации кои ги добивме од жители на селото, се случила необична сообраќајна несреќа помеѓу возот кој сообраќал на релација Скопје – Битола и автомобил. По сударот автомобилот избегал во непознат правец, тврдат за Инфо Компас жители на Тројкрсти кои ни испратија и една фотографија.

 

Не знаеја да кажат за каква марка на автомобил станува збор, ниту какви таблички имал.

 

Возот се уште стои на железничкиот премин на Тројкрсти кој не е соодветно обележан.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи