ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Јавното обвинителство да ги испита сомнежите за криминал околу организацијата на Пивофест

Во текот на вчерашниот ден ја запознавме јавноста за можната злоупотреба на средства од општинскиот буџет околу организацијата на овогодинешниот „Пивофест”. Илија Јованоски и Миле Талески молчат и не даваат одговор на поставените прашања, што остава простор за уште поголем сомнеж, дека зад целиот избор на организатор за фестивалот се крие нешто матно и незаконски. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 


Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Денеска уште еднаш прашуваме:

 

Дали градоначалникот лично го познава менаџерот од Србија, Добривоје Марински и која е нивната поврзаност?

 

Дали Јованоски лично во неколку наврати се сретнал со ова лице, па дури и бил на гости во Аранѓеловац?

 

Дали уште пред неколку месеци ја прифатил оваа прелиминарна програма за фестивалот?

 

Колкава била цената на овие изведувачи, а колку изнесува ангажманот на сега избраните?

 

Дали поради несериозноста на Јованоски и неговиот тим во општината, се изгубила можност за организатор на фестивалот да биде избрана светска продукција?

 

Дали поради гледањето на сопствените интереси, „Пивофест“ изгуби можност да ја врати старата слава и тоа за иста цена?

 

Како е возможно без одлука на Совет да биде избран организатор?

 

Дали во комисијата за избор на организатор која Јованоски по свој терк си ја формира, има вклучено надворешно лице на договор и која е потребата од тоа?

 

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас веднаш да реагира и да ги испита сомнежите за сторен криминал околу организација на најголемото случување во државата.

 

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината! Јавноста мора да добие одговори! Престанете да се криете и барем еднаш соберете храброст и соочете се со оние кои ве избрале!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien