Страшната бура на Халкидики однесе 7 животи, 120 се повредени

Најмалку седум лица, меѓу кои и деца загинаа, а 120 лица се повредени во силното невреме кое го погоди грчкиот полуостров Халикидики, поради што е прогласена и вонредна состојба.

 

Двајца од загинатите ги загубиле животите откако ветрот го превртел нивното возило, додека две лица- мајка и нејзиното малолетно дете загинале откако врз нив паднал кров од ресторан. Две од жртвите настрадале од паднати дрвја, а една е најдена во морето.

 

Според грчките власти, 35 од повредените се хоспитализирани во болниците низ Касандра, Ситонија и Солун.

 

Бурата рушела дрвја, превртувала автомобили и предизвикала голема материјална штета.

 

 

 

 

Според универзитетскиот професор по метеорологија и климатологија Теодорос Каракостас, невремето дошло од регионот на Преспа.

 

„Оттаму почна нарушувањето во повисоките атмосферски слоеви. Многу студената воздушна маса се движела од север кон југ и се спуштила во Иматија и Пела. Во одредена фаза дошла до Солунскиот Залив, каде што морето е топло и има големо испарување и збогатување на воздушната маса. Така, студената воздушна маса од Преспа ја потиснала топлата воздушна маса, наведувајќи ја да се крене. Невремето потоа дополнително се засилило и движејќи се со голема брзина довело до несаканите последици“, објаснува професорот на универзитетот „Аристотел“ во Солун.

 

Денеска состојбата е мирна, а екипи работат на терен на санирање на штетите. Според македонското Министерство за надворешни работи, во невремето нема настрадани македонски државјани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien