Голем пожар во гасна електрана во близина на Москва

Facebook
Twitter
Email
Print

Голем пожар избувна денес во гасната електрана во Московскиот регион, објави ТАСС, цитирајќи неименуван извор во службите за итни случаи.

 

Меѓу шест и девет лица се повредени во голем пожар кој изби денеска во гасна електрана во регионот на Москва, соопшти руското Министерство за енергетика. Извори од Медицинскиот центар за итни случаи велат дека се повредени седум лица, а нивните изгореници се од прв или втор степен.

 

На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа оган кој високо се крева кон небото.

 

 

„На местото на инцидентот се наоѓаат повеќе од 150 пожарникари, десетици пожарникарски возила, хеликоптери и возови“, изјави Зана Терехова, портпарол на итните служби.

 

 

Според Терехова не постои опасност пожарот да се прошири во населените подрачја, а пожарникарите се надеваат дека ќе го изгаснат огнот за еден час.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи