Заев : Предвремени избори нема да има, ќе одиме на редовни во декември 2020

Facebook
Twitter
Email
Print

„Предвремени парламентарни избори како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да има“, истакна премиерот Зоран Заев ,одговарајќи на новинарско прашање како ќе одговори на барањето на опозицијата за предвремени избор. Заев додаде дека сега е време за економски резултати, а доколку се оди на брзи, предвремени избори тие нема да бидат возможни.

 

„Останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори. Брзи предвремени избори видовме до каде ја донесоа државата заради политички консултации. Ако требаше да се оди на предвремени парламентарни избори, ќе ги распишевме заедно со претседателски избори. Редовни избори треба да има во декември 2020, јас немам проблем да бидат закажани во октомври догодина“, рече Заев.

 

Заев денеска повика и на одржување на лидерска средба во петок во 15 часот во Клубот на пратениците на која ќе стане збор за три теми, односно нов изборен законик, законот за јавно обвинителство и попис на населението. Поканата е упатена до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

 

„Искрената и чесна посветеност на овие теми ќе ги заокружи европските аспирации до добивањето датум за преговорите. Нема да дадеме на никој аргумент да биде против и резервиран“, рече Заев.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи