Катица Јанева поднесе оставка

Facebook
Twitter
Email
Print

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева поднесе оставка – која ќе се активира кога партиите ќе се договорат за нејзиниот наследник и ќе го донесат новото законско решение. Во оставката се наведува дека се повлекува од шеф на СЈО за да не биде „нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на СЈО и европските интеграции“.

 

„Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескопромисната борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја“ пишува Јанева.

 

Јанева беше на чело на Специјалното јавно обвинителство од 2015.

 

Во нејзиниот мандат беа покренати повеќе обвиненија против функционери на ВМРО ДПМНЕ, за кривични дела  кои произлегоа од содржината на незаконското следење на комуникациите.

 

СЈО беше формирано во септември 2015 година по долги преговори во Пржино и за него гласаа и власта и опозицијата, откако тогашната опоизиција и лидерот Заев објавуваа „бомби“ од прислушуваните разговори.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи