Грчки „Хеленик Петролеум“ ја тужи Македонија – бара над 30 милиони долари

Грчката компанија „Хеленик Петролеум“ ја активираше тужбата пред Арбитражниот суд во Париз за наплата на 31 милион долари плус камати поради тоа што Македонија не го почитувала купопродажниот договор за рафинеријата „ОКТА“.

 

Грчката фирма бара да и се платат парите бидејќи македонската влада од 2008 до 2011 година не откупувала годишно по 500.000 тони мазут, колку што беше предвидено со договорот од 1999 година.

 

Инаку, конечната сума колку Македонија ќе треба да и плати на „Хеленик Петролеум“ ќе се знае после пресудата која се очекува брзо да биде донесена. Според информациите, сумата е можно да се зголеми за десетина милиони долари поради каматите.

 

Ова е втора ваква тужба пред судот во Париз. Првата Македонија ја загуби и им плати на Грците 40 милиони долари, иако пресудата беше за отштета од 86 милиони. Инаку, штетниот договор за продажба на скопската рафинерија на грчки Хеленик имаше важност до мај 2019 година, до кога освен одредбата за купување на мазутот, важеше и методологијата за одредување на цената нафтените деривати која содржеше голем број поволности за грчката страна.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.