Антикорупциска: Фирмата на Усеини не смее да учествува во тендерот за уривање на дивоградби во Охрид!

Facebook
Twitter
Email
Print

Антикорупциската комисијата е децидна дека фирмата на советникот Нефи Усеини или негови блиски роднини не може да воспостави деловни односи со општината, бидејќи тоа ќе претставува судир на интереси и прекршување на членот 51 од Законот за спречување на корупцијата.

 

„Имено,  фирма што е во сопственост на лицето Нефи Усеини, или во сопственост на негови блиски лица, не може да воспостави деловни односи со Општина Охрид, каде истото лице е член на совет. Доколку, службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи“, велат од Антикорупциска.

 

Усеини периодов е доста популарен во медиумите поради фактот што е сопственик на дивоградбата кај Чинарот која и покрај сите апели беше отворена и почна со работа. Тоа се чини не го запре ни да учествува на јавниот повик во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирање на градежна механизација за спроведување на административно управни акти за рушење на дивоизградените објекти, кој Општина Охрид го објави на 28-ми јуни 2019 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи