Драма на Селечка планина кај Прилеп – со хеликоптер евакуирано повредено малолетно девојче

Вистинска драма се одвивала утрово на планината Селечка кај Прилеп, над планинарскиот дом „Томе Темелкоски“. Според првичните информации две малолетни лица, момче и девојче, на возраст од 17 и 16 години, утрово околу 7.20 часот ја повикале полицијата од Прилеп и против пожарната екипа со дојава дека девојчето е повредено и дека неможат да слезат од планината.

 

Од ТППЕ Прилеп веднаш интервенирале и стигнале на местото каде се наоѓале малолетниците. Поради крајно непристапниот терен и неможноста да слезат од планината пожарникарите повикале хеликоптер од Дирекцијата за заштита и спасување по што девојчето со хеликоптерот е пренесено во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

 

Од болницата велат дека состојбата на девојчето е стабилна и таа се наоѓа надвор од животна опасност. Од СВР Битола истакнаа дека случајот се обработува и за кратко време се очекува да имаат повеќе детали.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи