ВИДЕО – Се е подготвено за утрешното отворање на 17-тиот по ред Пиво Фест во Прилеп кој ќе трае до недела

Се е подготвено за утрешното отворање на 17-тиот по ред Пиво Фест во Прилеп кој ќе трае 4 дена. На овој фестивал досега продефилираа најголемите музички имиња од целиот Балкан и Македонија. Годинава главна ѕвезда ќе биде Цеца, која ќе пее во петокот, но освен турбо фолк ќе има музички жанрови за сите вкусови.

 

 

 

„Подготовките за Пиво фест се при крај за утрешниот почеток и сум уверен дека се ќе помине во најдобар ред. Ќе имаме дополнителни алтернативни програми, особено за најмладите за коии ќе има посебна програма и во утринските и во попладневните часови. Дополнителните уметници и музичари кои овие 4 дена ќе продефилираат низ плоштадот и алтернативните простори ќе бидат на високо ниво“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Јавните претпријатија истакнаа дека се комплетно подготвени за целосно да ги задоволат сите потреби на гостите.

 

„Квалитетно перење на улиците, собирањето на сметот, со сето ова ќе се започнува уште во 03.00 часот утрината за да се биде готово до 08.00 часот“, кажа Ирена Станкоска, директор на ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

 

„Комплетирани се екипи кои 24 часа ќе бидат на терен за надминување на можните проблеми кои би се јавиле од сферата на ЈКП „Водовод и Канализиација“, рече Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и Канализиација“.

 

Паркингот ќе чини 60 денари и ќе се наплаќа на влезовите на Прилеп.

 

„Сите возила коии ќе бидат присутни за време на Пиво фестот ќе бидат паркирани на периферијата на градот за да можеме да го растеретиме централното градско подрачје“, рече Илија Иваноски, раководител на сектор за паркинзи.

 

Главна ѕвезда на утрешниот прв ден од Фестивалот ќе биде групата Галија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien