Силна експлозија во фабрика за гас во Кина

Многу силна експлозија одекна во фабрика за гас во централниот дел на Кина, при што биле искршени прозорци и врати на згради кои се наоѓале на оддалеченост од три километри.

 

Инцидентот се случи во фабриката за гас во Јима во провинцијата Хенан. Според државните медиуми, засега две лица се водат како исчезнати, а многумина се повредени.

 

Смртоносни хаварии во индустрискиот сектор се честа појава во Кина, каде правилата за безбедност не се применуваат правилно.

 

Во март годинава во експлозија во хемиска фабрика во провинцијата Жансу загинаа 78 луѓе, а стотици беа повредени. Во еден од најголемите инциденти во индустрискиот сектор во Кина во 2015 година загинаа најмалку 165 лица при силни хемиски експлозии во пристаништниот град Тиенжин.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien