ВИДЕО – Јованоски : Ако ги има меѓусебните пресметки да престанат, не е сега време да се прават

Синоќа се помина како што треба и покрај таканаречените расипувачи на забави, што сакаа да ја расипат вчерашната забава и журка што ја приреди Светлана Ражнатовиќ Цеца, но мислам дека не им успеа. Истакна на денешната прес конференција градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски откако синоќа по втор пат во кафулето „Каде Ин“ беше поставена бомба. Но за разлика од првиот пат, овој пат бомбата е школска без експлозивно полнење.

 

 

 

„Сите знаете, уште еднаш ќе повторам за официјалната информација од командирот на полициската станица во Прилеп, била поставена пластична, лажна бомба во истиот кафиќ, каде пред една недела беше поставена бомба. Помина незабележано, без никакви проблеми, како воопшто ништо да не се случило, и покрај желбата на некој да ја расипи журката и забавата.

 

Уште еднаш сакам да апелирам до граѓаните, несовесните граѓани кои сакаат да го расипат расположението на граѓаните што го чекаат цела година овој Пиво фест, да не си дозволиваат такви работи, затоа што тоа е на штета на сите нас, на сите граѓани, на имиџот на градот, на сите наши граѓани да не се чувствуваат понижени во една ваква ситуација.

 

Овие се поединечни, инцидентни случаи, немаат врска со Пиво фестот. Тие сакаат да ја расипат забавата индиректно, не директно на учесниците или организаторите, ама тие меѓусебни пресметки поединечно што се прават, го рушат имиџот на градот, на граѓаните, на сите нас. Затоа кажувам дека тие меѓусебни пресметки, ако ги има, не е е време сега да се прават“, истакна Јованоски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.