ВИДЕО – Проданоски : Дали е веќе јасно дека во Прилеп владее злосторничко здужение кое се наоѓа во СДСМ ?

Прилеп денеска живее во страв и паника! Во само десетина дена граѓаните одново ги потресе дојава за поставена бомба во истиот локал, и тоа за време на најголемото случување во државата “Пивофест”. Истакна денеска на прес конференција Дејан Проданоски, потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост ?

 

„Додека во центарот на Прилеп имаше илјадници луѓе и како никогаш досега присутни полициски сили, повторно некој се обиде да ги загрози животите на граѓаните, а сеуште не е расветлен првиот настан. 

 

Испарија уверувањата на градоначалникот Илија Јованоски и МВР дека градот и фестивалот се безбедни и дека состојбата е под контрола.

 

Ова е веќе црвен аларм и итно се потребни одговори од властите, особено од министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

 

Господине министер одговорете и на јавноста како и на кој начин вашите припадници ги штитат граѓаните и што ли е потребно да се случи за вие да се одважите и да реагирате?

 

Дали е веќе јасно дека во Прилеп владее злосторничко здужение и истото се наоѓа во редовите на вашата партија?

 

Со месеци апелираме до вас дека градот е претворен во криминално дувло, дека се палат автомобили, се напаѓаат полицајци, се случуваат филмски грабежи среде бел ден, и што ли уште не, а вам сеуште мува не ве лази.

 

Прилеп е претворен во црна точка во државата која секој ја одминува, а одговорноста за тоа е целосно ваша и на градоначалникот Илија Јованоски.

 

Со оглед дека сето ова се случува во локалот на истакнат член на вашата партија, граѓаните мораат да знаат која е позадината на настанот и дали се работи за пренесување на некакви пораки и нерасчистени сметки?

 

Веќе апелиравме да се позанимавате и со првите луѓе кои треба да ја гарантираат безбедноста во Прилеп, каде најповикан е командирот на Полициската станица, Кире Спиркоски.

 

ВМРО-ДПМНЕ одново бара негово разрешување од функцијата и поставување на човек кој ќе работи исклучиво во интерес на зачувување на јавниот ред и мир.

Граѓаните не ги интересираат интригите и пресметките во вашиот двор, но бараат безбедно да се движат низ својот град.

 

Вашата незаинтересираност резултираше и со нарушување на угледот на фестивалот, настан кој е од витално значење за целата држава.

 

Бараме веднаш, во текот на денешниот ден да излезете со конкретни одговори и да преземете конкретни чекори, со цел посетителите во преостанатите два фестивалски дена да се чувствуваат безбедни во Прилеп“, вели Проданоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи