Пронајдената бомба синоќа во кафуле во Прилеп била школска, без експлозивно полнење

Дојава на бомба синоќа околу 23.10 минути пред настапот на Светлана Ражњатовиќ Цеца повторно го испразни кафулето „Кафеин“ во Прилеп. Просторот повторно беше обезбеден од голем број на полициски службеници, а на лице место пристигнаа и екипите на Противпожарната бригада и Итната медицинска помош од Прилеп. Бомбата била пронајдена во саксија за цвеќе. Од СВР Битола соопштија дека тоа било школска бомба без експлозивно полнење.

 

„Пронајдена е школска бомба која неам експлозивно полнење. Веднаш се преземени соодветни мерки и таа е подигната. Од лице место. Нема повредени лица, ниту материјлана штета.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, истакнаа од СВР Битола.

 

Инаку увид на лице место извршил и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп.

 

Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење. Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот“, се веки во соопштениието на Јавното обвинителство.

 

Инаку досега не е расветлен првиот случај со фрлањето на рачна бомба во „Кафеин“. Од обвинителството потврдија дека бомбата биила фрлена, извадена била капислата, но за среќа таа не експлодирала.

 

Во јавноста веќе кружи една снимка од безбедносни камери на која се гледа како едно лице ја фрла бомбата, но таа не експлодира. Дали снимката е автентична треба да потврдат надлежните.

 

Пред почетокот на Пииво фест градоначалникот ја убедуваше јавноста дека безбедноста е на задоволително ниво и дена Прилеп е безбеден град.

 

Инаку симптоматично беше тоа што само еден ден по фрлањето на бомбата Општина Прилеп ја посети директорот на БЈБ, Сашо Тасевски кој оствари средба со градоначалникот на Прилеп, но за оваа средба која се случи во зградата на локалната самоуправа медиумите не без известени. За неа беа информирани преку соопштение дури откако Тасевски го напуштил Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи