Хакери го пробиле ФСБ – најголема кражба на податоци во Русија

Непознати хакери ја извршиле најголемата кражба на податоци во историјата на Русија, што го загрозило проектот за правење на посебен интернет за да се заштитат националните интереси, а кое го одобрил лично претседателот Путин. Сајбер криминалците украле дури 7,5 терабајти податоци од компанија која работи со Федералната служба за безбедност – ФСБ, наследничка на КГБ.

 

Се верува дека дел од овој материјал ќе им биде проследен на медиумите ширум светот за да биде објавен во јавноста. Хакерската група која себеси се нарекува “0v1ru$” влегла во московската IT компанија “Сај Тек”, која заедно со ФСБ работи на проект за изработка на руски интернет.

 

Хакерите на сајтот на компанијата поставиле смајли, пренесува BBC. Материјалот потоа бил проследен до хакерската група “Digital Revolution”, која ќе го дистрибуира во медиумите.

 

 

Во најголемата кражба на разузнавачки податоци во историјата на Русија украдени се детали од социјални мрежи како Facebook и LinkedIn, како и детали за корисниците на пребарувачот “Tor”. Станува збор за еден од најпознатите софтвери за анонимна комуникација на интернет и тој претставува влез во таканаречениот дарк веб. Р, кој се води под името , започнува во 2012, а некаде во 2014 тој почнува да се користи.

 

Меѓу документите се и проектот Nautilus-S кој собирал податоци од социјалните мрежи. Работата на овој проект започнала во 2012, а некаде во 2014 тој почнал да се користи. Реворд работел на пробивање на П2П мрежите, Ментор требало да ги истражува и шпионира мејловите на руските компании, а Такс-3 требало да креира затворен интранет кој содржи информации за политичари и судии, кој нема да биде достапен од стандардните владини мрежи. Сите овие проекти се во фаза на истражување.

 

ФСБ има овластување да се грижи за националната безбедност на Руската федерација, да ги штити границите и да изведува антитерористички акции. Засега нема показатели до кои се податоци хакерите дошле.

 

Дополнителен проблем за Кремљ претставува и тоа што компанијата “Сај Тек” имала и договор со воената единица 71333, која е пандан на цивилниот 16-ти директорат на ФСБ, а која е задолжена за собирање на воено-разузнавачки податоци.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien