Северна Кореја гради нова подморница, која најверојатно ќе биде опремена со балистички ракети

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја прегледа новата подморница и особено внимание посвети на нејзините борбени системи, потенцијално најавувајќи го континуираниот развој на програмата подморници со балистички проектили, објави државната новинска агенција КЦНА.

 

„Оперативниот капацитет на подморницата е важна компонента во националната одбрана на нашата земја опкружена со море на исток и запад “, рече Ким.

 

Ким ја прегледа подморницата една недела откако Пјонгјанг предупреди дека може да ја укине својата 20 месечна суспензија од нуклеарни и ракетни тестови во знак на протест поради очекуваните воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја, за кои велат се проба за инвазија.

 

Државната агенција КЦНА објави дека подморницата наскоро ќе биде распоредена, но без да наведе детали за нејзината опрема.

 

Северна Кореја има голема флота на подморници, но голем дел од нив се застарени и прашање е дали воопшто се функционални. Засега има само една експериментална подморница која може да биде опремена со балистички ракети. Аналитичарите велат дека, со оглед на големината на новата подморница, се чини дека е дизајнирана за да може да биде опремена со ракети.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien