Утрехт ги претвори автобуските постојки во постојки за пчели

Градот Утрехт во Холандија во обид да ги спаси локалните пчели покри повеќе од 300 јавни автобуски постојки со растенија, на тој начин претворајќи ги во станици за пчели. Освен што ќе ги израдуваат инсектите, овие кровови ќе ја заробуваат ситната прав во воздухот, како и дождовницата.

 

На покривите главно се посадени само растенија од видот т.н. жедњак, за кои се грижат општинските работници, кои наоколу се возат со електрични возила.

 

 

Освен новододадените растенија, станиците веќе имаат енергетски ефикасни ЛЕД светла, како и бамбусни клупи за патниците.

 

Исто така, во моментов во Утрехт има 10 електрични автобуси, а до крајот на 2019 градот планира да воведе 55 електрични автобуси. Ова е во согласност со нивниот план до 2028 да имаат систем за јавен превоз кој ќе биде апсолутно незагадувачки и одржлив. Автобусите ќе возат на електрична енергија произведена од холандските ветерници.

 

Дополнително, градот ги поттикнува локалните жители да преземат слични чекори со раззеленување на нивните кровови нудејќи субвенции за жителите кои имаат кровови над 20 квадратни метри.

 

Во Холандија постојат 358 видови на пчели, но за жал повеќе од 56% од видовите се загрозени и ставени на холандската црвена листа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien