Судир на „Голф“ и „Пасат“ кај Кривогаштани – едно лице се здобило со тешки телесни повреди

На регионалниот пат село Кривогаштани – село Житоше, прилепско, се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од Прилеп и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К.(43) од с.Локвени, прилепско.

 

Во незгодата, возачот на возилото „Голф”, Ј.К. се здобил со тешки телсни повреди, додека возачот на возилото „Пасат” се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана лекарска помош.

 

Увид на местото извршила екипа од полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи